Утрински Весник
Македонија

Загриженост за постапката против Ристовска покрената поради јавен став – Коалиција за правично судење со аларм за чекорите на обвинителскиот совет

Загриженост за постапката против Ристовска покрената поради јавен став – Коалиција за правично судење со аларм за чекорите на обвинителскиот совет

Коалицијата за правично судење изрази загриженост откако Советот на јавни обвинители иницираше постапка до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.

dobivaj vesti na viber

Од Коалицијата велат дека на денешната седница било дискутирано за поведението на двајца обвинители кои не се појавувале на
работно место, односно за кои Советот немал информации за нивната работа цели 4 години, како и бил донесен заклучок Советот да се обрати до Етичкиот кодекс за постапување во врска со поведението на еден од двајцата обвинители поради изнесени јавни критики за работата на Советот.

Однесувањето на Ристоска на денешната седница на Советот било анализирано од аспект на тоа дали таквото негово постапување е спротивно на правилата предвидени со Етичкиот кодекс, поконкретно со членот 10 од истиот, кој се однесува на почитување на принципот на професионалност, од страна на јавните обвинители. При што на крајот од дискусијата, бил донесен заклучокот Советот да се обрати до Етичкиот совет на јавни обвинители за натамошно постапување.

„Коалицијата „Сите за правично судење“ би сакала да ја истакне својата загриженост за неинформираноста на Советот за работата на одредени јавни обвинители цели 4 години, иницирањето на постапка пред Етичкиот совет поради јавно изнесени критки на јавен обвинител, фактот што дискусијата за овие прашања се одвиваше под точката разно, како и фактот што во соопштението објавено на веб-страната на Советот отсуствуваат информации токму за овие точки на дискусија“, наведуваат од Коалицијата.

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.

„Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, рече таа.

Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

Можете да прочитате

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување

Тажно, исчезнатата Лидија е жената која беше извлечена од Вардар

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола