Утрински Весник
Балкан

Загина жена во силно невреме што ја зафати Србија

Nevreme Srbija2.jpg

Во силно невреме околу 17 часот го зафати Сомбор и околината, во кое загина жена откако дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, јавува Б92.

Како што изјавил Дачиќ, жената од здобиените повреди починала на лице место, соопшти српското МВР. Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, на што предупредува Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Српските медиуми информираат дека силно невреме го зафатило и Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Обилните врнежи и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан. Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите.

Околу 18 часот во Нови Пазар имало прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места. Сè уште нема информации за можни штети на патната инфраструктура и домаќинствата. Невремето го зафати и Севојно, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Обилните врнежи предизвикаа поголема количина на вода на улиците на Севојно и околината, што го отежна движењето по коловозот.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата