Утрински Весник
Свет

Загина рускиот водач на Херсон

Загина рускиот водач на Херсон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Загина заменик-шефот на администрацијата на регионот Херсон, Кирил Стремусов, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Според медиумите тој загинал во сообраќајна несреќа.

Стремусов, често зборуваше во име на регионалната администрација, особено кога станува збор за ситуацијата во градот Херсон.

Редовно известуваше на социјалните мрежи и редовно разговараше со новинарите за аферите во регионот.

Само утринава, починатиот функционер ги откри најновите информации за ситуацијата на бојното поле, известувајќи дека руските војници ги спречиле обидите на Украина да напредува во град на околу 50 километри северно од Керсон.

Стремусов стана познат во националните медиуми откако веќе еднаш ја избегна смртта.

Во септември неговата канцеларија во Керсон беше погодена од украински проектил, но тој во тоа време не беше во канцеларијата. Во експлозијата се повредени неколку вработени во администрацијата,пренесуваат мадиумите.

Можете да прочитате

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати

ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ ТРАМП – ПУТИН: И двајцата против предлогот на ЕУ