Утрински Весник
Македонија

Загина работник во Кисела Вода

Brza Pomos 2.jpg

Работник од кривопаланечко загина во Кисела Вода. Тој го изгуби животот при пад од висина од објект во градба. 

– На 13.03.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С.(59) од село Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, известија од полицијата. 


Извршен е увид и известен бил трудов инспектор. 

Можете да прочитате

Загина 18-годишник во сообраќајна несреќа во Чаир

Скандал: Полицаец осомничен за сексуално злоставување на малолетник

Пензиониран полицаец со лажна легитимација е приведен