Утрински Весник
Македонија

Загина 28-годишно момче откако со мотоцикл излетал од патот

Tешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патничко возило

Вчера околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, извести полицијата.

Можете да прочитате

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога

Уште денес и утре, понеделник 16-ти март, ќе имаме пролетно време

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите во „Пулс“