Утрински Весник
Македонија

Загина 21-годишник од Беровско, со возилото излетал од патот

Загина 21-годишник од Беровско, со возилото излетал од патот

На 06.11.2022 во 04.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на с.Ратево, Беровско, Б.Г.(21) од с. Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот.

dobivaj vesti na viber

На местото на несреќата починал возачот. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Берово.

Можете да прочитате

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа