
Загина осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајка вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти МВР.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 13 март 2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(35), сите од Скопје.
Во несреќата, мотоциклистот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки на обвинителот телото на починатиот е дадено за обдукција.

