Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев: Лагите на Мицкоски за наводни куфери со пари се очаен обид за дефокус од неговата неспособност

Zoran zaev.jpg
Img 7972

Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава, реагира поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи.

Реакцјата доаѓа по зачестените напади од страна на премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во екот на камапњата за локалните избори.


„Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија“ пишува Заев.

Заев ги демантира како што вели „лагите и клеветењата“ од Мицкоски.

„Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици. А, кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата“ истакнува Заев.

Можете да прочитате

МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата