Утрински Весник
Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

20 02 2020 Zaev Scaled.jpg

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

Извори блиски до Ципрас за медиумот откриле дека поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.

Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни, означувајќи го како лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија.

Можете да прочитате

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер

Кос: Уставните измени се единствен услов за ЕУ, манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет

Уставниот суд се иззема за предлог законот за независните кандидати