Утрински Весник
Македонија

Заедничка акција на Царинa и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

222 1.jpg

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава.

Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин.

Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје”.

Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје. 

Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.

Можете да прочитате

Одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје

Власта најави план за решавање на проблемот со аерозагадувањето, ефектите за три до четири години, Скопје продолжува да е меѓу најзагадените градови во Европа

Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата