Утрински Весник
Македонија

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Granica pasosh 1.jpg

Регионалниот центар за гранични работи „Исток” ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево”, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково” целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.

Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај  ГКПП „Станке Лисичково”. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.


Можете да прочитате

(Видео) Проработе ,,Евзони” километарски колони за влез во Македонија

АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември

Британски медиуми: Македонија ќе добие до 20.000 фунти за еден мигрант