Утрински Весник
Магазин

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

1696924715 Shutterstock 1767138089.jpg

Имајќи предвид дека нашето тело се состои од речиси 70 проценти вода, секоја неурамнотежена хидратација може да предизвика акумулација на вода во телото. Таквата состојба доведува до голем број на непријатни симптоми, вклучувајќи зголемување на телесната тежина, надуеност и оток.

Акумулацијата на вода во организмот е проблем кој може да доведе до разни компликации и тешка здравствена состојба која најчесто ги погодува стапалата, зглобовите и колената. Задржувањето на течности, исто така познато како едем, може да биде предизвикано од голем број вообичаени медицински состојби.

Многу од овие состојби влијаат на протокот на крв, вклучувајќи ги бубрезите и црниот дроб, што може да предизвика акумулација на вода во ткивата на телото. Задржувањето на течности често се забележува во долните екстремитети, но исто така може да влијае на мозокот, очите и белите дробови.

Симптоми на задржување на вода

Има многу симптоми кога станува збор за задржување на водата во телото, од надуеност и оток до болка и вкочанетост на мускулите. Телото кое се бори со вишокот на вода, исто така, може да се чувствува уморно и летаргично. Некои симптоми на задржување на водата во телото не се опасни по живот, но се знак за потенцијално сериозна болест.

Може да биде предизвикана од лоша исхрана, недостаток на физичка активност и хормонални промени, на пример пред циклус. Жените исто така може да доживеат болки во градите и отечени нозе.

Хроничните болести, вклучувајќи дијабетес, висок крвен притисок, заболувања на црниот дроб и бубрезите, исто така влијаат на водата во телото. Доколку долго време страдате од проблеми со водата во организмот, тоа може да биде знак за посериозен здравствен проблем, како што е откажување на бубрезите.

Напредната хронична бубрежна болест, која се јавува кога бубрезите повеќе не ја филтрираат крвта правилно, може да доведе до сериозно задржување на водата.

Задржувањето на водата често е предизвикано од нерамнотежа во телото, но тоа може да биде и резултат на болести како висок крвен притисок или проблеми со срцето. Друга причина за задржување на водата се хормоналните промени. Жените се повеќе изложени на овој проблем особено за време на бременоста и одредени фази од менструалниот циклус.

Зголемените нивоа на естроген и прогестерон се поврзани со зголемено задржување на водата кај жените. Почетокот на менструацијата и пуштањето јајце се исто така моменти кога жените имаат проблеми со надуеност и вишок вода во телото.

Како да се спречи

Постојат неколку промени во животниот стил што можете да ги направите за да го намалите задржувањето на водата во вашето тело. Една таква промена е намалувањето на внесот на натриум. Конзумирањето премногу сол може да предизвика промени во електролитите, предизвикувајќи задржување на водата.

Зголемениот внес на вода исто така може да им овозможи на вашите бубрези да функционираат правилно и да ги исфрлат вишокот токсини што се акумулираат во телото, пишува МЗСС.

Исто така, треба да се погрижите да вежбате редовно. Вежбањето помага да се стимулира циркулацијата и да се насочат течностите кон екскреција, така што вежбањето ќе ја намали количината на вода што се задржува во вашето тело.

Дополнително, можете да земете чај од корен од глуварче или чај од коприва што помага да се намали водата во телото. Друг чекор што можете да го преземете е да се консултирате со лекар. Вашиот лекар ќе може да дијагностицира и третира задржување на течности и да утврди дали се работи за посериозен медицински проблем.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста