Утрински Весник
Македонија

Зад кандидатурата на Пендаровски застанаа 15 политички партии

Sredba koalicija.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски за кандидатурата за втор мандат, вчера доби поддршка од 15 политички партии.

Посочувајќи дека претседателот Пендаровски е претставник на сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност, зад претседателот Пендаровски застанаа коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ССДСМ), односно Нова социјалдемократска партија (НСДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално – демократска партија (ЛДП), Партија на пензионери (ПП), ВМРО Народна партија (ВМРО НП), Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ), Сојуз на Ромите во Македонија, Демократски сојуз на Власите, Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН), Странка на демократска акција на Македонија (СДА), Социјалдемократска Унија (СДУ), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и Партија за европска иднина (ПЕИ).

Од тимот за комуникации на Пендаровски, велат дека тој искажува благодарност за укажаната доверба и за поддршката и во следните пет години да ја води државата на вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности, економски напредок и стабилност.

Можете да прочитате

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците

(Видео) Трауматично сведоштво на жртва на семејно насилство: Разведениот сопруг насилно го зема детето, Центарот за социјални работи не реагира