
Еди Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај, во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел” пишува поранешниот национален координатор, Марјан Забрчанец на социјалните мрежи.
Тој, во својата објава потсетува каде била државата пред 25 години, а каде сега, додавајќи дека пред нас е можеби последната шанса за ЕУ.
„И истите тие во исто време велат:
1) 25 години стоиме во место во евроинтеграциите
2) Македонија е понапред од Албанија во евроинтеграциите
Знаат ли да соберат 1 + 2 и знаат ли дека резултатот не е “six-seven”? Знаат ли каде беше Албанија во 2000-та?
Знаат ли дека Македонија во 2000-та немаше ни кандидатски статус? Знаат ли дека во меѓувреме станавме членка на НАТО? Знаат ли дека сме во момент 11:59 и дека сме веројатно пред последната шасна за подобра европска Македонија? Не знаат или си играат мајтап?“ пишува Забрчанец.


