Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Со неколку кликови до слободен пристап до пазарот на труд во Отворен Балкан

92f14ac0 0a1a 4d43 9563 B9723442f823.jpg

„Ќе ја поминам постапката низ пример на граѓанин од Врање, кој е заинтересиран за работа во кумановска компанија. Тој граѓанин оди на сајтот на српската е-Управа, тоа што е кај нас е-Услуги. Вади Open Balkan ID number, за една минута. Понатаму со тоа бројче тој се логира во нашиот софтвер за е-Услуги и аплицира за сертификат за слободен пристап до македонскиот пазар на труд“ објасни националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека потоа следи проверка од безбедносен аспект од страна на МВР, а по одобрувањето, апликантот добива сертификат за слободен пристап до македонскиот пазар на труд.

„Максимум до 30 дена трае траа проверка и се издава сертификатот. Со тоа по автоматизам граѓанинот добива две години дозвола за престој, во кои има право да бара работа во соодветната држава“ рече Забрчанец.

Тој објасни дека од моментот на наоѓање на работа и склучување договор, продолжуваат да важат сите стандарди за работнички права, пензиско и здравствено осигурвање согласно националното законодавство, како и досега.

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ