Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Интернетот и ВИ се инфраструктура за критичка мисла, не само за забава

Img 20260117 wa0000.jpg

Комуникацискиот консултант Марјан Забрчанец во емисијата „Стадион“ на Канал 77 направи паралела на денешниот развој и придобивките од вештачката интелигенција со развојот на интернетот во мијнатото. Тој потсети дека интернетот и новите технологии веќе одиграле клучна улога во развојот на критичкото мислење и граѓанската мобилизација во Македонија. „Имало периоди во оваа држава кога гласачите, граѓаните покажувале критичка мисла и маса и притоа го користеле интернетот за самоорганизирање, за мобилизација“, рече Забрчанец, посочувајќи ги студентските пленуми и протестите по убиството на Мартин Нешковски, организирани преку Twitter и хаштагот „Протестирам“.

Тој потсети дека Македонија била една од земјите што меѓу првите добиле целосно Wi-Fi покривање благодарение на USAID, а дел од општините обезбедувале и бесплатен интернет на јавни локации. Според него, токму оваа инфраструктура – од бесплатниот интернет до регионалното укинување на роамингот на Западен Балкан – создала услови граѓаните да се информираат, да се поврзат и да развиваат критичка свест, наместо да останат пасивни потрошувачи на пропагандата.

Забрчанец нагласи дека интернетот и вештачката интелигенција не се сами по себе гаранција за демократско општество, но се предуслов за побрза размена на информации, за побрзо толкување на информации, за самоорганизација и за создавање критичка маса и содржина која може да влијае врз политичките одлуки. „Кога граѓаните имаат алатки да се поврзат и да се информираат директно, тогаш и манипулациите потешко поминуваат, а одговорноста на власта расте“, порача тој, потенцирајќи дека токму интернетот и дигиталните алатки често биле најсилниот сојузник на оние што се борат за промени.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО ги премина сите граници, ова не е политика – ова е јавен линч!

Вооружен грабеж на обложувалница во струшко село

Жена пешак удрена од автомобил во скопско Влае