Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан

Zabrcanec.jpg
Dik 300x250 mk

За жал, новата македонска Влада веќе година и половина не покажува никаква нова своја иницијатива на тема Отворен Балкан или за регионално економско поврзување, истакнува поранешниот национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи Марјан Забрчанец во анализата на порталот Локално.мк

Според Забрчанец, стопанските комори заедно со владите на Македонија, Албанија и Србија во периодот 2019-2024 беа моторот на иницијативите и проектите на Отворен Балкан, но иницијативата престанала да создава нови проекти поради ескалацијата на конфликтот Србија – Косово, поради обидот на Албанија да му даде шанса на Берлинскиот процес, како и поради падот на владата на СДСМ во Македонија и незинтересираноста на новата Влада.


„Иако граѓаните во трите држави даваа мнозинска поддршка од 70-80% за Отворен Балкан, сепак регионалните и домашните политички случувања не дозволија иницијативата да создава нови проекти. Сепак, позитивното во прикзната беше што до средината на 2024 веќе беа активни и успешно функционираа повеќе проекти кои носеа директен бенефит за граѓаните и фирмите. Беа воведени зелени ленти за транспортерите на стоки и производи за брз проток на премините Ќафасан и Табановце, со што се олеснија и забрзаа врските и мобилноста меѓу трите држави, беа усогласени М-ТАГ системите за електронско и бесконтактно преминување на патарините и се воведе единствен пазар на труд односно укинување на работните дозволи меѓу трите држави“ оценува Забрчанец.

Забрчанец е дециден дека „Отворен Балкан“ беше иницијатива која директно водеше кон формирање „единствен заеднички економски простор“ на Западен Балкан со цел регионот да стане поконкурентен за привлекување големи инвестиции и со цел граѓаните и фирмите полесно да ги движат своите услуги, стоки и производи. 

За жал, новата македонска Влада веќе година и половина не покажува никаква нова своја иницијатива на тема Отворен Балкан или за регионално економско поврзување, истакнува поранешниот национален координатор, додавајќи дека реалноста вели како „граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан“.

Дополнително, додава тој, од граѓани и компании стигаат известувања дека е дури и забавена и нецелосна имплементацијата и на постоечките проекти за кои како држава сме потпишале меѓународни договори.

„Постојат информации дека меѓусебното признавање на лабораториските инспекции на Ќафасан не функционира и дека камиони чекале со часови и денови и покрај постоечката зелена лента за Отворен Балкан. Од друга страна постојат информации дека не се почитуваат ни роковите за издавање сертификати за слободен пристап до пазарот на труд меѓу трите држави, проект кој низ својата имплементација покажа дека Македонија повеќе привлече отколку што одлеа работна сила. Оттука, се поставува прашањето: кому и зошто пречат придобивките од проектите на Отворен Балкан?“ прашува Забрчанец.

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект