Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Да се биде „ЗА“ Отворен Балкан е застанување на страната на народот – 80% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата

D0b7d0b0d0b1d180d187d0b0d0bdd0b5d186 D0bed182d0b2d0bed180d0b5d0bd D0b1d0b0d0bbd0bad0b0d0bd D0b5 D0bfd0b8d0bbd0bed182d0b8d180d0b0d19a 63cd8e42b8c76.jpeg

„Да се биде ‘за’ Отворен Балкан е застанување на страната на народот – 80 отсто од граѓаните ја поддржуваат оваа иницијатива“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални инцијативи, Марјан Забрчанец во изјава за „Локално“ и додаде дека политичарите кои најавуваат излегување на Македонија од Отворен Балкан се противат на народната волја и на огромната поддршка од сите категории граѓани за оваа иницијатива.

Тој додаде дека таквите политичари кои бараат повлекување од „Отворен Балкан“ заговараат ѕидови наместо интеграција, додавајќи дека таквите политичари со тоа се противат на економскиот развој и на интересите на македонската, албанската и српската економија.

„Се реализира слободниот пристап до пазар на труд со кој нема веќе потреба од работни дозволи за граѓаните на трите земји, на граничните премини функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони, во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување, се реализираа повеќе соработки во областа на туризмот и културата, а имаме и одлична промоција на македонското вино надвор од Македонија благодарение на Отворен Балкан“ вели Забрчанец.

Тој додава дека резултатите постигнати од иницијативата не може да се поништат и дека Отворен Балкан е жива, витална, активна и динамична иницијатива што се потврдува по заедничката изложба на Отворен Балкан во Париз.

„Политичарите кои го поддржуваат Отворен Балкан ја поддржуваат европскатата интеграција на земјава, се залагаат за регионалната соработка, за економската мобилност и слобода, за поголема трговска размена и против брз проток на граѓаните, производите и услугите“ заклучува Забрчанец.

Можете да прочитате

Мисајловски од Пентагон: Продуктивни Билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка

Филипче: Бугарската теза еден народ две држави пропаѓа ако се внесе нивното малцинство во уставот

Панел дискусија „Европската иднина на регионот и надворешните државни актери”