Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Забрани за камиони на патните правци Тетово – Попова Шапка, Стража, Маврово и од село Узем до граничен премин Деве Баир

Sneg Straza 1.jpg
300x250 opst2

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, на планинските превои Стража, Маврово и од село Узем до граничниот премин Деве Баир, соопшти вечерва ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.


Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ во попладневниот извештај информира дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ