
Шведската активистка Грета Тунберг доби забрана за влез во Венеција.Таа доби и казна од 150 евра откако заедно со група активисти истуриле зелена боја во Големиот канал.
Властите во Венеција воведоа 48-часовна забрана за нејзин влез, велејќи дека таа е позаинтересирана за самопромоција отколку за заштита на животната средина.
Инцидентот се случил за време на викендот, кога околу 35 активисти протестирале против уништувањето на животната средина.
Тие носеле транспарент на кој пишувало „Стоп на екоцидот“, истуриле зелена и црвена боја во Големиот канал и „марширале“ низ групи туристи со шамии, објавува Дејли меил.

