Утрински Весник
Македонија

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Chicken breast 279849 1280.jpg

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила.

Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари од Албанија каде, во областа Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар.


Досега, информира директорот, во рамки на контролите што АХВ ги спроведува со полицијата, откриен е и шверц на живи животни.

-Пред пет дена донесовме Решение за забрана за увоз од Албанија поради чума кај малите преживари. Алармирани се полицијата, армијата, сите ветеринарни друштва и официјалните ветеринари кои мора да бидат да бидат претпазлииви. Минатата година болеста ја имаше во Грција, за еден ден беа уништени околу 16 000 грла, но ние успеавме да не дозволиме да се појави кај нас, потенцира директорот.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Ја рушиме империјата на коцкањето што со години ја штитеше ДУИ

Топло е и сончево, но со попријатни температури на воздухот

Играта не е само детска забава – таа е клучна за учење, здравје и градење отпорност, УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците