Утрински Весник
Македонија

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган

20250718152302 big 730x400 81.webp.webp

Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 од 6 ноември 2025 година, со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење.

Преку соопштение на својата фејсбук страница објавено од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информираат дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува ЈПКР „Услуга“ Берово може да се користи исклучиво како техничка вода, сè додека не се доведе во безбедна состојба и не ги исполнува стандардите за вода за пиење.

Забраната е воведена поради отстапувања во физичко-хемиската анализа на водата, односно утврдена зголемена концентрација на манган, што е спротивно на вредностите пропишани со Правилникот за вода за пиење.

На ЈПКР „Услуга“ Берово му е наложено да преземе соодветни мерки за преработка и прочистување на водата со цел нејзино усогласување со стандардите за безбедност.

Општината апелира до граѓаните водата од водоводната мрежа да ја користат само за технички цели, додека лабораториските анализи од акредитирана лабораторија не потврдат дека квалитетот е во границите пропишани со правилникот.

Состојбата ќе трае до добивање на резултати кои ќе ја потврдат исправноста на водата за пиење.

Можете да прочитате

Таравари најави тужба против Изет Меџити

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери

Мицкоски до Трендафилов: Стојаноска заслужува извинување