Утрински Весник
Македонија

Забрана за движење на автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Popova Sapka.jpg

АМСМ информира дека од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – П.Шапка од 09:25 ч се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за лесни коли е задолжителна зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево – М. Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Од АМСМ потсетуваат и дека на патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

Можете да прочитате

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

Ранѓеловиќ: Македонија треба да биде повнимателна во новиот мултиполарен свет