Утрински Весник
Македонија

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе се искачат до 38 степени

Messenger Creation D233dea0 66d3 4c30 A830 D5197c430836 1.jpeg

За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов топол бран од Африка, но истиот ќе биде со нешто помал интензитет за разлика од минатиот кога беше екстремно топло.

Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

Можете да прочитате

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари