Утрински Весник
Свет

За вонбрачен полов однос во Индонезија ќе се казнува со затворска казна до една година

За вонбрачен полов однос во Индонезија ќе се казнува со затворска казна до една година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Парламентот на Индонезија се очекува овој месец да усвои нов кривичен закон со кој ќе се казнува вонбрачниот секс до една година затвор, потврдија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Со ревизијата на законот ќе се забрани и навреда на претседателот и државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологија на Индонезија.

Забранет ќе биде и заеднички живот пред брак.

Се работи со децении, а новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември, изјави за „Ројтерс“ индонезискиот заменик-министер за правда, Едвард Омар Шариф Хијариеј.

„Се гордееме што имаме казнен законик во согласност со индонезиските вредности“, изјави тој за „Ројтерс“ во интервјуто.

Бамбанг Вурјанто, пратеник вклучен во нацртот, рече дека новиот закон би можел да биде усвоен веќе следната недела. Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците.

Претходниот предлог-закон требаше да биде усвоен во 2019 година, но тој предизвика протести во целата земја.

Десетици илјади луѓе протестираа во тоа време против низа закони, особено оние за кои се смета дека го регулираат моралот и слободата на говорот, за кои рекоа дека ќе ги намалат граѓанските слободи, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода