Утрински Весник
Македонија

За Велигден ќе имаме зимско време и снег?

Meteoalarm.mk 2 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла  и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север  и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег  и исклучително ладно време.


Исклучително ладно време барем отсега гледано прогностичките модели цртаат  и на 12 април ден Велигден.

Секако дека промени околу ова можно сценарио се можни и искрено се надевам на промени и дека токму ова сценарио нема да ни се случи зошто и тоа како не ни е потребно сега. Конечна метео анализа за тоа какво време не очекува за Велигденските празници и на ден Велигден ќе објавам во следните неколку денови. Исто така јас постојано со секое ново ажурирање на прогностичките модели ќе ве информирам за состојбата на прогностичките модели за Велигденските празници и за ден Велигден.

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија