Утрински Весник
Македонија

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места 

20250616085052 big 730x400 91.webp.webp

Инвестирањето во дуалното образование дава резултати. МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта.

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.


За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемија бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а се зголеми и бројот на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании.

Ова значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието.

Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите. 

Нашата заложба како Влада е да го реформираме и подобриме образовниот систем и да создадеме млади кои наместо да се иселуваат, ќе можат да ја градат својата иднина во Македонија.

Се обврзавме на промени, тоа и го исполнуваме.

Создаваме иднина и ја развиваме Македонија.

Државата е на патот на промените, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Можете да прочитате

Викендов почнува „Скопско лето“: На 21 јуни два исклучителни културни настани што го навестуваат богатството на целосната фестивалска програма

Видевски во деновите кога се убиени Панче и Вања бил на работа и во седиштето на Десна, но колегите не се повикани да сведочат

Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце