Утрински Весник
Македонија

За снимка на „Тик-ток“ одземена лиценца, за извадените органи на родилката од Дебар Лекарска комора ќе чека судска одлука

За снимка на „Тик-ток“ одземена лиценца, за извадените органи на родилката од Дебар Лекарска комора ќе чека судска одлука

На првиот работен ден по велигденските празници Лекарската комора експресно се состана и за следната недела најави одземање на лиценцата на лекарот од Тетово кој на тик-ток објави снимка од пациентки на гинекологија, но за одземање на лиценцата на лекарот од Струга кој по породување и извади матка, јајчник и бубрег на родилката од Дебар, ќе чека судска одлука. Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова вели дека за случајот со родилката од Дебар, како Комора, презеле се што било во нивни раце.

dobivaj vesti na viber

„Ние имаме стручен надзор за родилката од Дебар од Лекарска комора. Стручниот надзор е даден. Целиот предмет е даден на суд. Сè она што се наши ингеренции се направени. Што мислите дека треба повеќе да направиме? Судот е институција која дава финални одлуки дали е направена некоја грешка во лекувањето или не. Постои институција што се вика судски вештак, чие мислење е над стручниот надзор што го прави Лекарската комора, што е финално за да помогне во пресуда за работењето на некој доктор дали е мимо правилата, дали е направена грешка или не. Ние не сме чекале, ние сме го направиле стручниот надзор и колку што се сеќавам, тоа е многу одамна, даден е на пациентката која беше барател на тој стручен надзор. Сè е во судска процедура. Ние немаме ингеренции да забрзаме некоја судска процедура“, вели претседателката Гривчева-Старделова.

Објасни дека Лекарската комора може веднаш да постапи во случаи кога се работи за етички прекршок, како во случајот со лекарот во тетовската болница, но кога се работи за лекарска грешка, одлуката за лиценцата ќе ја донесат откако ќе се изјасни судот.

„Ако се работи за проблематизирање на грешка, мора да се почека судска одлука за да се знае како да постапи Судот на честа. Овде, кога се работи за прекршок на етичкиот момент на нашата работа, не мора да чекаме судска одлука. Ова е нешто наше, има правила како ние треба да се однесуваме и со каква почит треба да се однесуваме кон нашите пациент. Таму прекршокот е рангиран поинаку. Прекршокот што колегата работел во своја приватна ординација, а не смее е судски проценет, направен е прекршок“, рече претседателката Гривчева-Старделова.

Во случајот на родилката од Дебар која по породување во струшката болница во 2020 година, дома се врати без јајчник, бубрег и матка, Лекарската комора во стручниот надзор, според објаснувањата на самата родилка, утврди дека гинекологот Мухамед Асани не направил пропуст во нејзиното лекување. Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди дека лекарот дома мал амбуланта во која прегледувал пациентки, која веднаш беше затворена.

Судското рочиште за случајот на родилката од Дебар почна лани во мај, но досега трипати се одлагаат судењата.

За лекарска грешка им се суди на гинекологот Мухамед Асани и уште тројца лекари од струшката болница. Следното судење е закажано за 9 мај.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје