Утрински Весник
Магазин

За сите бремени жени: Консултирајте се со лекар ако губите килограми за време на бременоста

25 Nedela Bremenost.jpg

Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа.

Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на телесна маса (БМИ). Според порталот „Кликс“, сепак, можно е и намалување на килограмите на жената за време на бременоста, што е сосем нормална појава.

Општо кажано, ниту една идна мајка не треба намерно да се обидува да изгуби тежина откако ќе дознае дека е бремена, дури и ако таа има прекумерна тежина.

Научните истражувања покажуваат дека намерното слабеење во бременоста може да ги зголеми опасностите за бебето. Натаму, се вели, ограничувањето на калориите и хранливите материи може да биде штетно и за трудницата и за бебето кое се развива.

Ако жената е со прекумерна тежина, лекарот ќе понуди совети за контрола на тежината при бременоста, за да се избегнат можните компликации.

– За зголемување на телесната тежина за време на бременоста, нашите препораки ги базираме на БМИ на жената пред бременоста, вели гинекологот Кимберли Хендерсон.

Според надлежните, жените кои пред бременоста имаат БМИ 30, или повисок треба да накачат меѓу пет и девет килограми во бременоста. Жените кои имале БМИ над 40 може и да не ја покачат тежината за време на бременоста.

Лекарите забележуваат дека повеќето жени накачуваат само меѓу 400 грама и два килограми во првите три месеци од бременоста… Така што, губењето тежина во првото тримесечје веројатно не е повод за грижи.

Губењето апетит поради утринска мачнина е исто така честа причина за губење на тежината во бременоста. Според Хендерсон, причина за загриженост е она ако губењето тежина во бременоста достигне пет до 10 отсто од вкупната телесна тежина на жената.

Губење тежина во бременоста може да се случи и ако сте почнале да вежбате секојдневно и се обидувате да јадете поздрава храна. Ако е така, можеби ќе ви требаат неколку дополнителни калории во текот на денот за поддршка на бебето кое се развива, зависно од БМИ на жената.

Советот на стручњаците тука гласи: Ако жената губи тежина, а веќе е во четвртиот месец од бременоста, јавете се на лекар. Тоа може да биде и нешто безопасно, како дневни флуктуации во задржувањето на водата, но заради сигурност, секогаш е најдобро да се консултирате со Вашиот лекар.

Слабеењето во третото тримесечје може да биде причина за загриженост. Губењето на тежината во оваа доцна фаза на бременоста може да биде поврзано со слаб раст на бебето, ниска содржина на амнионска течност, или хипертензија, или прееклампсија индуцирана од бременоста.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста