Утрински Весник
Македонија

За сега, ништо од една изброна единица: Одбиен е предлогот на ЛДП

Sobranie.webp.webp

Иако сите партии, вкучително и владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека ќе поддржат воведување на една изборна единица, сепак денеска во Собранието таквиот предлог поднесен од ЛДП не помина.

Предлогот на пратеничката Моника Зајкова доби само 19 гласа „ЗА“.


„Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот.“, рече Моника Зајкова при образлагање на предлог законот.

Иако од партијата не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала откако од ДУИ, како што вели, ја нападнале Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа.

Можете да прочитате

Зс четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија