Утрински Весник
Свет

За Русија распоредувањето на нуклеарно оружје во Полска ќе стане легитимна цел

Polska Oruzje.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека оваа земја е подготвена да распореди нуклеарно оружје на своја територија, се огласија бројни претставници на Руската Федерација. Меѓу првите што реагираше беше портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, кој рече дека Русија ќе ги разгледа сите опции во врска со можното распоредување нуклеарно оружје во Полска.
„Армијата, се разбира, доколку се спроведат таквите планови, ќе ја анализира ситуацијата и во секој случај ќе направи се што е потребно, сите неопходни одмазднички чекори за да ја гарантира нашата безбедност“, рече Песков. За ситуацијата се огласи и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. „Се чини дека Варшава намерно се обидува да привлече поголемо внимание од воените планери во рускиот Генералштаб. Би било логично да се претпостави дека кога американското нуклеарно оружје ќе се појави во Полска, соодветните капацитети веднаш ќе бидат ставени на списокот на легитимни цели во настанот на директна вооружена пресметка со НАТО алијансата“, рече Захарова. Таа изјавата на полскиот претседател ја оцени како провокативна. „Полските власти не кријат дека се стремат да се доближат до американското нуклеарно оружје распоредено во Европа и активно ги користат овие амбиции во нивната непријателска политика кон Русија“, рече Захарова.

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции