Утрински Весник
Спорт

За ПСЖ против Баерн ќе игра 16. годишно момче

За ПСЖ против Баерн ќе игра 16. годишно момче

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“, од 21 часот ќе го пречека Баерн.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот француски шампион во пресметката со Баварците влегува со нарушена атмосфера во соблекувалната и лош здравствен билтен. Се уште нема информации дали ќе настапат Килијан Мбапе и Лионел Меси.

Француските медиуми најавуваат дека тренерот Кристоф Галтие уште од првата минута ќе му даде шанса на 16. годишниот Ворен Заир-Емери.

Ова момче е родено на 8. март 2006 година. Може да покрие неколку позиции во редот за врска.

Оваа сезона веќе има одиграно 14 натпревари за ПСЖ, а на кои постигнал два гола. Во неделата на теренот го мина целиот натпревар против Монако. Заир-Емери е и јуниорски репрезентативец на Франција.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина