Утрински Весник
Македонија

За првпат во Македонија изваден тумор од рамо на 16-годишна пациентка

20240608154948.jpg

Вчера се испиша ново поглавје во историјата на ортопедската онкологија на Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје.

Тимот предводен од Проф. д-р Милан Самарџиски ја изведе за прв пат во нашата држава операцијата на отстранување на тумор од рамото на 16 годишна пациентка, во ист акт туморот беше изваден, коската зрачена на Клиниката за онкологија и радиотерапија и повторно вратена кај пациентката (реимплантирана). Позади сите успешни интервенции стои тимот па така и во овој случај предоперативната подготовка и радиодијагностика ја спроведе Др. Ивана Панчевска, тимот хирурзи: Проф. д-р Милан Самарџиски, др. Теодора Тодорова, Проф. д-р. Лазар Тодоровиќ, Др. Златко Алексовски,др. Индрит Капроли, Др Марио Младеновски. Тимот од Клиниката за онкологија и радиотерапија, Тим на медицински физичари кои учествуваа во подготовка и озрачување на коската: доц. д-р Душко Лукарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Александар Атевиќ (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Милена Теодосиевска Дилиндарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика), Радијациони онколози: проф. д-р Игор Стојковски (специјалист по радиотерапија и онкологија), д-р Маја Иванова (специјалист по радиотерапија и онкологија), Анестезиолошкиот тим предводен од Проф.д-р Јасминка Нанчева, др. Игор Трпковски и м.с Злата Апостолоска, тимот инструментарки предводен од м.с Сузана Пејчиновска, Биљана Тројановиќ, Валентина Стојчевска и Оливера Лазаревска. Посебна благодарност и до тимот на патолози предводен од Проф. д-р Славица Костадинова Куновска и др. Тамара Ангеловска, како и васкуларниот хирург Доц. д-р Никола Граматниковски. Се надеваме дека ќе продолжи трендот на воведување на нови хируршки интервенции во ортопедската онколошка хирургија и со тоа во иднина да се намали бројот на пациенти кои се лекуваат во странство. На пациентката и посакуваме побрзо опоравување и враќање на секојдневните активности. Пациентите се главната инспирација и мотивација, а тимот е клучот до успехот!

Извор: Фактор

Можете да прочитате

Мицкоски до Собранието ја поднесе програмата и составот на новата Влада

Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбрана

Средба на Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор Гжелчик