Утрински Весник
Македонија

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Viber image 2026 03 30 15 25 47 336.jpg

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните  обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година.


Јавниот бвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин се случува токму на почетокот на неговиот мандат, како потврда за неговите заложби да се создадат сите предуслови за ефикасна работа во јавните обвинителства и за уште поголемо унапредување на правата на вработените во оваа институција.

Во разговорите со претставниците на Синдикатот се дискутираше и во однос на законските решенија за јавното обвинителство и за јавнообвинителската служба кои се во процедура, а беше изразена подготвеност и за континуирана комуникација и соработка со синдикалната организација.

Колективен договор на ЈОРСM (ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ)

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад