Утрински Весник
Македонија

За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години

За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години
Dik 300x250 mk

Во насока на стимулирање на младите лица да користат алтернативен и еколошки начин за превоз, Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлуки за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди.

dobivaj vesti na viber

Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.

Со првата одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на електрични тротинети за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Со втората одлука Градот Скопје ќе субвенционира купување на велосипеди за млади лица. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади