Утрински Весник
Македонија

За претседателската трка се пријавил и 14. кандидат

Dik 324x160 1.jpg

На три дена пред истекот на рокот за собирање на потребните 10.000 граѓански потписи за да се стане претседателски кандидат на претстојните избори, закажани за 24 април прв круг и 8 мај втор, до Државната изборна комисија (ДИК) пристигна нова, 14. кандидатура. Станува збор за Гоце Ристов кој ќе се обиде да ги собере потребните потписи и да се најде на стартната линија во претседателската трка, каде веќе место обезбедија седумина кандидати. -До Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата – објави ДИК.
Потребните 10.000 потписи ги собра Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ.

Во однос на останатите кандидати, вака стои статистиката со потписи:

Можете да прочитате

Петровска: Се гази интересот на дете, мајката Невена беспомошна пред системот

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница