Утрински Весник
Македонија

За пет часа казнети 220 пешаци поради сообраќајни прекршоци

За пет часа казнети 220 пешаци поради сообраќајни прекршоци

Вчера, во периодот од 9 до 14 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се 220 пешаци, од кои 204 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

За време на контролата санкционирани се и 107 други видови прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово