Утрински Весник
Македонија

За новогодишната ноќ ќе имаме сув студ

Meteoalarm.mk 38.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и суво време со слаб до умерен ветер од северен правец  и ведро време без облачност  и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна  и сува воздушна маса од север која ќе услови да имаме многу ладно и суво време со многу ниски температури на воздухот.

За време на новогодишната ноќ температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени а на повисоките населени места и на планините температурите може да се спуштат  и под -10 степени. Во Скопје  и околината за време на новогодишната ноќ температурата ќе се спушти до околу -5/-6 степени.

Суво и ладно време  ќе имаме  и на 1 Јануари 2026 година (Четврток) и тоа значи дека во новата 2026 година ќе влеземе со многу ладно и суво време  и со сув студ без врнежи од снег

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Ново рочиште за предметот „Пулс“ – ќе сведочат оштетените