Од Општина Охрид за Алсат велат дека новогодишното украсување на градот ќе започне деновиве и е предвидено да заврши до 8-ми декември. За декорирањето на Охрид, локалната власт ќе потроши 1 милион и 400 илјади денари.
Локалната власт најавува интересна и привлечна новогодишна програма со богата содржина за децата, младите и возрасните. Истата е предвидено да се реализира во деновите пред и по дочекот на Новата Година, се до 14 јануари. Предвидена е богата програма со познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата Година на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, велат од Општина Охрид.
Струга за Нова година вкупно ќе потроши 2.490.000 денари.Само за украсување на градот, Општината ќе потроши 2 милиони денари, односно повеќе од 30 илајди евра. Во програмата која ја усвои Советот предввидени се и дополнителни трошоци.
„За декорација на градот 2.000.000. Средствата да се префрлат на ЈП „Комунално“ Стрyга, по претходно доставена фактура. За Дедо мраз и маршутата, да се обезбедат, 40 килограми бомбони и украсни новогодини реквизити. За.Дедо мраз, реквизити и бонбони, 15.000 денари“, стои на Програма за пречек на Новата 2025 година.
Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година, но затоа на 30 декември, ќе има забава за деца и прошетка на Дедо мраз низ улиците на градот, како и концерт со локални бендови. Ќе се потрошат и 45.000 денари, за првите три новороденчиња, на кои ќе им доделат штедни книши од по 15.000 денари, 10.000 денари за најубаво украсена куќа, 300.000 денари за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, деца со попреченост и за децата на вработените во општинската администрација. А иако доаѓа Нова година,во двата града не се чуствува новогодишна атмосфера. Граѓаните сметаат дека Охрид и Струга треба да бидат украсени многу порано.
Повеќе на линкот