Утрински Весник
Македонија

За низа пропусти и афери во МВР, Тошковски вината ја бара во други

Pance Toskovski.jpg

За пропустите на МВР, а согласно хиерархијата одговорноста е и на министерот Тошковски, но тој за пет месеци за неколку големи пропусти казни девет полициски службеници, пишува „Рацин.мк“.

Двајца службеници беа казнети за „бегството“ на Артан Груби, шестмина за пропуштање на „свадбарската делегација“ на Спикерот Африм Гаши и еден од обезбедување на собранискиот претседател поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот Аеродром.


Службениците казнети за „бегството“ на Артан Груби се последните жртви за кои вината може да се бара во други владини инстанци, пишува Рацин.мк, кои сепак ги казнуваат непосредните работници.

Слична е ситуацијата и за свадбената поворка на Гаши, кога никој друг не беше виновен освен полициските службеници кои ете не смогнале храброст да ја запрат колоната и Претседателот на Собранието кој со службено возило и полициско обезбедување, излегол од државата заедно со уште шест цивини возила за на свадба во Косово, пишува Рацин.мк.

Инаку инцидентот на скопскиот аеродром, Тошковски прво го осуди, а потоа се повлече и ги обвини полицајците.

До тоа веројатно дојде по реакцијата на некои од лидерите на коалицијата Влен, кои му порачаа „дека главниот фокус на МВР треба да биде на борбата против секојдневниот криминал од кој ги загрозува животите на граѓаните.

Зборувајќи за скандалот на Гаши, министерот за европски прашања, Муртезани упати неколку барања до Тошковски да не се занимава со случајот на Блаце, туку со убиствата што секојдневно се случуваат во главниот град.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Македонија со најниска просечна плата во регионот