Утрински Весник
Македонија

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски

Zajkova 681x464 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, реагира на новиот предлог Кривичен Законик кој влезе во собраниска процедура.

Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!?

Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски. Една и пол година замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“.

Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно? И што добиваме?!?

Слични одредби, исти проблеми.

Застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, широките описи на квалификацијата на делата, можности за политички прогон – особено кога обвинителството и судството функционираат по принцип „разреши“ и замени со свои луѓе.

Зголемување на роковите за застареност – или престанете да ја навредувате интелигенцијата на граѓаните. Со овие одредби, делата повторно ќе застаруваат. Ако не знаете како Ви го даваме нашиот предлог слободно поднесете/поддржете го!

Од што е стравот?

Ги повикувам граѓаните кои се согласуваат со предлогот на Либерално Демократска Партија ЛДП– кривичните дела со кои директно се оштетува државниот буџет да не застаруваат лесно – да нè поддржат.

Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда.

П.С. Не активирајте партиска артилерија со коментари ти го гласаше кога беше во Влада, не сум била никогаш министер, а како пратеничка НЕ не го гласав!

Можете да прочитате

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител