Утрински Весник
Македонија

Зајкова: ВМРО-ДПМНЕ директно ги амнестира од одговорност криминалците инаку ќе гo прифатеше амандманот на ЛДП за Кривичниот Закон

Monika zajkova komisija za politichki sistem i odnosi megu zaedniczi.jpg

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување во Само вистина на Канал 5 ги разоткри манипулациите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно ги амнестираат функционерите од крадење на државни пари. Оваа критика доаѓа по неприфаќањето на предлог амандманот на ЛДП за членот 353 од Кривичниот законик (КЗ), кој се однесува на одговорност на именуваните функционери, министри и директори. 

„Jас да сум на местото на колешката нема да сум толку горда и толку гордо да говорам за овие измени на кривичниот законик. Имам морално право да говорам, ниту ги гласав претходните измени ниту оваа несуштинска промена. Прават јавна дебата за да ги прифатат само забелешките што само технички нешто менуваат. Еве ги забелешките од платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, тие се исти со ставот на ЛДП, дека со ваквиот КЗ дополнително се ослабнува казнено-правната заштита од корупција и злоупотреба на службената положба”, вели Зајкова и додава дека со членот 353 апсолутно ништо не се менува, бидејќи повторно се остава лимит „од-до” на казната и воопшто не соодвествува со законодавството на ЕУ.

Според Зајкова, доколку претседателот на ВМРО бил искрен и навистина го мислел тоа што го кажувал во 2023 година, уште првиот ден ќе го сменеше Кривичниот законик и ќе го вратеа криминализирањето на функционерите. Осумнаесет месеци на власт гледаме дека ништо не се менува, што всушност е и измама на граѓаните.

„Видете на интернет, самиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своите изјави кога се менуваше претходниот КЗ нагласуваше дека со бришење на ставовите кои предвидуваат казна затвор од најмалку пет години директно се амнестираат сите што краделе, сега повторно делот најмалку каде што оди на максималната казна се трга и се ставаат лимити  од-до за овие дела”, вели Зајкова.

„Ако сакавме нешто да смениме, требаше да го вратиме она што претходно постоеше и за кое што алармираат сите. Ќе повторам, да се прифатеа предлозите на ЛДП ќе имаше зголемување на роковите за застареност токму за овие кривични дела. Сега вие кога тука ја декриминализирате одговорноста како што е за фаворизирање на тендери, како што е избор на понудувач, местење на технички спецификации, притоа оставате одговорност само да одговара јавната администрација, а првите луѓе да не одговараат. Не знам каква правда стимулираме освен неправда или правда на помоќниот”, вели Зајкова, потсетувајќи дека на граѓаните им е преку глава од лаги, манипулации и глумење на реформи кои не се во нивен интерес.

Можете да прочитате

Пешевски до Мицкоски: Не сме партија, туку гладни работници

Стопирана истрагата за шестмина полицајци за пожарот во „Пулс“

Андонов: Владата шири евроскептицизам – 24info.mk