Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Ќе бидам на листата во Првата изборна единица

Ldp.jpg

Претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) Моника Зајкова вечерва на отворањето на новиот штаб на партијата во Општина Центар, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека на претстојните избори ќе се натпреварува во Првата изборна единица, која ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Органите на ЛДП, како што посочи, ја утврдиле и листата на кандидати за пратеници.

Зајкова потврди дека како кандидати за пратеници ќе се натпреваруваат таа како претседателка на партијата, генералниот секретар на партијата Боби Мојсоски и д-р Илија Нешковски.

– ЛДП формираше два тима. Во тек се преговорите за програмските определби каде што се согласуваме со коалицијата бидејќи делиме заеднички цели, но едно е сигурно, највисока цел е да станеме полноправна членка на ЕУ до 2030. Се договараат и позициите, односно вчера органите на ЛДП ги утврдија листата на кандидати за пратеници, потенцираше Зајкова.

Прашана за најавеното формирање на Европскиот фронт на ДУИ и дали ЛДП ќе разговара со ДУИ за ова движење, Зајкова одговори дека ЛДП е отворена за сите прогресивни сили и дека сите партии кои делат иста визија и исти ставови се добредојдени.

Можете да прочитате

СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди

Уште една жртва од нападот во училиштето за танци во Англија, на повредите им подлегна деветгодишно девојче