Утрински Весник
Македонија

За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици – Многу студено наутро, преку ден сонце, а по котлините магла!

Meteoalarm.mk 15 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

За големиот Христијански празник, Богојавление – Водици, кога огромен број на граѓани скокаат по светиот крст, но и се капат за здравје во водите на реките  и езерата во нашата Република Македонија, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, а ќе биде  и претежно тивко. Утрото ќе биде многу студено, а преку ден ќе биде малку попријатно топло за разлика од сега.


Сепак, поради антициклонот кој ќе се наоѓа над нашата територија, но и поради зголемената влажност во воздухот, по котлините ќе растат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така преку денот за Водици во овие котлини ќе остане  и постудено со пониски дневни температури на воздухот.

Во Скопје исто така за овој голем  Христијански празник и тоа во пониските предели од котлината ќе растат условите за појава на магла  и на ниска облачност, особено изразена во ноќните  и во утринските часови. На околните планини ќе биде претежно ведро и сончево, но и тивко.

Наутро температурите скоро насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи утрото ќе биде многу студено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, додека максималните дневни температури за Водици ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу -5 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски