Утрински Весник
Македонија

За германската ЦДУ повторното разгорување на спорот за името на Северна Македонија е непотребно и опасно

Jirgen Hart.jpg

Осуди за настапот при инаугурацијата на новоизбраната претседателка на Северна Македонија Гордана Силјановска-Давкова да не го употреби уставното име при давањето заклетва во Собранието дојдоа и од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во Германија, пренесува „Дојче вече“. Пратеникот на опозициските демохристијани во Бундестагот, Јирген Харт, кој е и член на комитетот за надворешни работи на германскиот парламент вели дека Брисел мора да им испрати јасна порака на новоизбраната претседателка Силјановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат беше таа на изборите, дека таквата политика нема да се толерира. -Повторното разгорување на спорот за името на Северна Македонија е целосно непотребно и опасно. Новата претседателка на Северна Македонија, Силјановска Давкова на својата функција е исто толку обврзана да го почитува компромисот меѓу Северна Македонија и Грција, колку што беше и нејзиниот претходник,вели Харт. Спороред него ЕУ мора да им испрати јасен сигнал на претседателката и на победничката партија на изборите, ВМРО-ДПМНЕ, дека патот на Северна Македонија кон благосостојба и слобода, како и во ЕУ, води исклучиво преку почитување на постигнатиот компромис со Грција. Според пратеникот на Либералите (ФДП) задолжен за европски прашања, Томас Хакер, потегот на Силјановска-Давкова е „несреќен и за жалење“. 

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)