Утрински Весник
Балкан

За една седмица во Грција регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил

20240808090513 Big 730x400 75.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека пак починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во северниот, западниот и централниот дел на Грција, како и во Епир и Јонските острови.

Во понеделникот, од ЕОДИ соопштија дека е интензивна циркулацијата на вирусот при што бројот на регистрирани случаи е поголем отколку во претходните пет години за истиот временски период и препорачаа зголемена заштита од комарци. 

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. 

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Можете да прочитате

Снегот ги затвори училиштата во 14 провинции во Турција

БиХ го легализира канабисот за медицински цели

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година