Утрински Весник
Скопје

За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Image 2024 12 30 100957338.png
Dik 300x250 mk

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.


Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

Мециновиќ: Вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје