Утрински Весник
Македонија

За еден месец од денеска започнува мојот втор мандат, уверен е Пендаровски

2 1 Scaled.jpeg

Пред жителите на Карпош вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски повтори дека без остаток беше и ќе остане претседател за сите. Ова, како што рече тој за многумина е само фраза, но за него е животна филозофија.

Осврнувајќи се на неговата досегашна работа, Пендаровски рече дека стои зад секоја своја одлука бидејќи резултатите се видливи. Државата 4 години е членка на НАТО, најголемиот воен сојуз и загарантирана е нејзината безбедност. Во оваа насока посочи и дека ако немавме надворешна блокада од Бугарија и внатрешна од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку години земјата ќе беше полноправна членка и на ЕУ.

,,Вечерва ја барам вашата поддршка, но и поддршката од вашите блиски. Да ги убедите дека Македонија припаѓа во развиениот свет, во развиена Македонија”, рече пред карпошани Пендаровски и истакна дека од денеска има точно еден месец до почетокот на неговиот втор мандат.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба