Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 201 возач поради брзо возење

Во Скопје 206 сообраќајни прекршоци, 65 за брзо возење
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, пришто санкционирани се 201 возач.

dobivaj vesti na viber

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 112 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес кон побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари