Утрински Весник
Магазин

За Денот на вљубените Колумбија извезла 700 милиони цвеќиња

Crvene Ruze Scaled 1.jpg

Колумбија, како водечки производител на цвеќиња во двете Америки, извезла повеќе од 700 милиони цвеќиња веќе спакувани во букети за Денот на вљубените, главно во САД, соопшти Министерството за земјоделство на оваа земја.

Тоа е 15 отсто од годишниот извоз на цвеќе од таа јужноамериканска земја, која е втор најголем снабдувач во светот, по Холандија, изјави министерката Хенифер Мохика.

Колумбија се издвојува на пазарот по квалитетот на рози, каранфили, хризантеми хортензии и лилјани.

По кафето, цвеќарството е вториот по големина земјоделски извоз во земјата, со повеќе од 60 видови и 1.600 сорти на цвеќе за продажба во странство.

Денот на вљубените и денот на мајката во мај се прилики кога се врши најголемиот извоз на цвеќе, со 30 отсто од вкупниот обем на извозот, рече министерката.

Транспортот на цвеќе со авиони претходните денови се зголеми за трипати и достигна до 40 специјални летови на товарни авиони дневно.

Освен во САД, Колумбија извезува цвеќе во околу 100 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Холандија, Франција, Шпанија и Јужна Кореја.

Од јануари до октомври 2023 година, извозот на цвеќе и донесе на Колумбија 1,75 милијарди долари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста